Македонија Најважни

ОЈО: Се утврдува кривична одговорност – детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете

Семејството на 7-годишното дете коешто денес настрада во пожарот во стан во Гостивар, не било пријавено како проблематично во Центарот за социјални работи на Гостивар.

Според директорката, Магдалена Савеска, мајката со четири малолетни деца од неодамна се вселиле во станот под наем, а со нив живеела и тетка на децата.

Тие според документи се од Ресен, Савеска вели дека досега не користеле никакви услуги од Центарот. По пожарот на трите деца и две жени им е обезбедено сместување и психосоцијална помош.

Според информациите од обвинителството првичните сознанија на лекарскиот тим покажале дека детето кое почина во пожарот, како последица од задушување, било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, тоа го направиле поради неговата агресивност.

Ќе се проверува евентуална кривична одговорност, а причините за пожарот ќе се знаат по вештачењето на специјална екипа на МВР.

„Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Според исказот на семејството, причина за врзувањето било што детето било агресивно. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност“, соопшти Јавното обвинителство на Република Северна Македонија

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека ќе побараат случајот детално да се испита дека досега за нив немало пријави за родителска негрижа или злоупотреба.

Министерството за труд и социјална политика побара од Центарот детално да го испита случајот во врска со семејството и состојбата на децата, по што ќе бидат преземени соодветни мерки во интерес на децата“, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

По пријавата, 10 пожарникари со две возила веднаш излегле на терен, а пожарот го локализирале за околу еден час. Станот бил целосно зафатен од огнените јазици. Тие од таму го извадиле безживотно тело на детето.

Пожарот избувнал околу 8 часот во една од просториите во станот, по што огнотсе разбеснил и брзо се проширил и во другите соби. Надлежните информираат дека е издадена е наредба за обдукција на телото на починатото дете и се разговара со очевидците на настанот.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе