Вести Македонија

Слаб интерес на дијаспората за попис

Две недели по стартот на пописот, се попишале само 64 илјади македонски државјани што живеат во странство. Води Швајцарија со 16 илјади попишани,но и тоа е само една четвртина од очекуваната бројка на наши државјани што живеат во оваа земја. Следуваат Германија со десет илјади и Италија со шест илјади попишани иселеници. Најслаб е интересот во САД, Канада и Австралија. Надлежните не се задоволни со бројката и се надеваат дека во наредните 34 дена, нашите иселеници ќе се мобилизираат, со цел да се добие реална слика за големината на дијаспората.Не веруваат дека се работи за бојкот.

Османи претпоставува дека бројките се резултат на оддалеченоста и неинформираноста на граѓаните, додавајќи дека е рано да се зборува за проценки за успешноста на пописот.

Во врска со проблемите со апликацијата, најчесто се јавуваат кога граѓаните ќе го внесат матичниот број од земјава, а во полето за држава ќе ја напишат државата во која се наоѓаат. Системот не го препознава македонскиот матичен број во комбинација со друга држава.

За ВМРО ДПМНЕ, слабите бројки ја побиваат тезата на СДСМ за голем број на иселени лица од државата.

Самопопишувањето на дијаспората ќе трае уште 35 дена.Од 1 до 21 април, кога ќе се спроведува пописот во државата, и граѓаните кои се тука ќе можат да ги попишат иселените, доколку го имаат нивниот матичен број. Засега не се размислува за одложување на пописот, и покрај високите бројки на новозаболени и починати од Ковид-19. Османи вели дека ќе ги следат препораките на Комисијата за заразни болести, која е единствената што може да ја одложи планираната статистичка операција.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжуваат пропалестинските студентски протести ширум светот

Дејан Дејан

По Велес, претреси и во Охрид – членови на избирачки одбор фотографирале избирачки список и гласачки ливчиња

Дејан Дејан

Маќедонци: Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе