Свет

Најмалку две лица загинаа, а 13 се повредени во оружен напад во Чикаго

Најмалку две лица се убиени, а 13 се повредени во напад со огнено оружје на една забава во американскиот град Чикаго.

Полицијата по пристигнувањето на местото на инцидентот, денеска во раните утрински часови по локално време, затекнала 13 застрелани луѓе.

Жртвите се на возраст меѓу 20 и 44 години, а некои од повредените се наоѓаат во критична состојба, соопшти полицијата.

Полициски претставник истакна дека забавата се одржувала во импровизирано кафуле – гаража на шлеп-компанија, која била пренаменета во угостителски објект.

Локалната противпожарникарска служба соопшти дека ситуацијата на теренот била „многу хаотична“.

Засега не е познат мотивот за оружениот напад, а се шпекулира дека еден од гостите отворил оган откако учествувал во караница.

Осомничениот се уште не е притворен, а истрагата е во тек.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Во долниот дом на парламентот во Букурешт без дебата или гласање – помина законот за обединување на Романија и Молдавија

Дејан Дејан

Црвени предупредувања за екстремна жештина ширум Западна Европа – метеоролозите велат ова ќе потрае

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе