Македонија Најважни

Вонредната состојба бара законска регулатива

Работна група составена од експерти и стручни претставници од Владата и од претседателскиот кабинет, почнаа изработка на Закон за вонредна состојба. При конципирањето на текстот, ќе биде искористено искуството од  минатогодишната вонредна состојба што ја прогласи Пендаровски, како и мислењата на универзитетскиот кадар, изнесени при денешната дебата насловена како: Вонредна состојба, научени лекции и идни предизвици.

Неопходен е Закон само за вонредна, или и за вонредна и за воена состојба. Ова беше констатирано веднаш кога минатата година државата се соочи со пандемија од светски размери, а се потенцира и сега кога опасноста не е помината.

Претседателот Пендаровски, кој потпиша вонредна состојба од 67 дена, се залага за синхронизација на сите институции и кадри кои управуваат со кризи и со вакви состојби. Објасни дека Законот за кризи е донесен 2005-та со адаптирање на драфт верзија предложена директно од НАТО.

За време на вонредната состојба, професорот Светомир Шкариќ објави дека побарал од претседателот Пендаровски да се однесува како врховен командант и да предводи војна со еден силен и непредвидлив убиец како што е короната. Побара со закон да се дефинира што е вонредна состојба и колку е слична со воената.

Универзитетските професори побараа да се прецизира какви уредби може да се носат во вонредна состојба и колку време ќе важат, но во согласност со препораките на Венецијанската комисија.

Светот се соочува со повредување на човековите права преку загрозување на правото на живот, на безбедно движење, но и на економски и социјален план. Во Судот во Стразбур веќе има и такви предмети.

Во дебатата, организирана од Претседателскиот центар за политичко образование, зедоа онлајн учество  и дваесетина други професори и експерти. Ќе се искористи во конципирањето на законот, но и како подготовка на општеството за можна идна криза.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Претходната влада го дуплира долгот што го направиле сите влади од осамостојувањето

Sasko Dimovski

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

Гори меѓу Грчец и Шишево и во радовишко – осум изгаснати пожари

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе