Вести Македонија Најважни

Се истражува нова, нелегална ординација во куќа на колешка на гинекологот Асани

Во нелегална ординација на гинеколог, вработена во Општата болница во Струга, инспекторите од Државниот здравствен и санитарен иснпекторат денеска спроведуваа вонреден надзор, потврдуваат извори на Телма. И овој пат пацинтка пријавила дека во дива здравствена амбуланта се вршат гинеколошки прегледи, по што инспекторите излегле на терен. Од ДСЗИ потврдуваат дека во објект во Струга се спорведува вонреден надзор, но директорката Ирина Бухова за Телма рече дека за исходот  повеќе инфромации ќе споделат со јавноста утре.

Инспекторите утрово влегле во дивата гинеколошка ординација со асистенција на полицијата. Од СВР Охрид исто така потврдија дека   полицијата асистирала   на барање иницирано од Државниот здравствен и санитрен инспекторат, со налог на Обвинителство.

Ова е втор инспекциски надзор на ДЗСИ во Струга  во неполн месец. Инспекторите во домот на директорот на струшката болница, Мухамед Асани во јануари открија нелегална гинеколошка ординација, за што Државниот здравствен инспекторат поднесе пријава  до Обвинителството со изјави на пациентки кои тврделе дека докторот ги прегледувал во  домшната ординација.

Надзорот беше извршен откако пациентка јавно се пожали  за лекарска грешка, затоа што  по породување со царски рез во струшката болница останала  без бубрег, матка и јајник.  Асани, кој се уште е диркетор на оваа здравствена установа,  тогаш за Телма потврди дека бил дел од тимот, но операцијата рече ја извршиле совесно и се задоволни што на пациентката и го спасиле животот.

Сега се очекуваат резултати од инсепкцискиот надзор во нелегална  ординација на  колешка на Асани од  струшката болница.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Гвинеја го забрани извозот на суровото злато

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе