Македонија

Бугарија предложила акционен план за спроведувањето на договорот за пријателство и добрососедство со Македонија

Бугарското министерство за надворешни работи соопшти дека шефицата на бугарската дипломатија го примила денеска специјалниот пратеник на македонската влада, Владо Бучковски, кој престојува во работна посета на Бугарија.

Во соопштението се додава дека за време на состанокот биле разменети идеи за продолжување на процесот за враќање на довербата меѓу двете земји, при што Захариева предложила акционен план за соработка со Македонија во спроведувањето на договорот за пријателство, добрососедство и соработка.

Бугарското МНР очекува овој документ да биде потпишан на престојниот состанок на заедничката меѓувладина комисија (согласно член 12 од Договорот).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Хоџа: Работиме на регистар за секој граѓанин да има увид кој капацитет колку загадува, ако не се реализира проектот ќе сносам одговорност

Sasko Dimovski

Хоџа уверува: Обновената дозвола за „Титан Усје“ ќе биде според новиот закон

Sasko Dimovski

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски доби притвор

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе