Македонија

Македонска дипломатка во ОН пронајдена мртва во стан во Њујорк

Дипломатка од македонската мисија во ОН синоќа била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн во Њујорк, потврдија за МИА од Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија.

– Од Постојаната Мисија на Република Северна Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата, соопштија од МНР.

Од Министерството информираат дека се во постојана комуникација со надлежните институции во САД за сите детали околу трагичниот настан.

Медиуми во Њујорк јавија дека дипломатката во мисијата на ОН била пронајдена мртва во својот стан на Менхетеан со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Според соопштението на полицијата, немало никакви знаци на насилство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Љупчо Грнчиштанов, еден од обвинетите за пожарот во „Пулс“ – потврди неговото семејство за Телма

Дејан Дејан

Го оштетиле буџетот за 1,3 милиони денари – кривични пријави за претседателот и секретарот на Општинскиот фудбалски сојуз Валандово

Дејан Дејан

Под слоганот „Сите нека знаат“ утре ќе се одржи Скопје Прајд 2026

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе