Вести Македонија Најважни

Неизвесно е кога стара Систина ќе стане ковид центар – постапката заглави во бирокатските лавиринти

Најавата дека итно ќе се стави на располагање за пациентите од вториот бран на пандемијата, за новиот ковид Центар кај Стара Систина и по 11 дена министерството за здравство сеуште не може да изнајде правна формулација, за усмениот договор да прејде на хартија со приватните болници кој заедно со државата треба да ја водат новата болница. Здравство и приватните болници интензивна се во комуникација и се бара правната форма на соработка, е истиот став на здравство повеќе од 10 дена. Главниот штаб со кој раководи центарот за управување со не се откажува од највените 100 кревети, но засега нема потреба од болницата.

И кислородниот резервоар за болницата е во уште поголем правен јазол. Кој да удри потпис на дозволата за поставување на боцата одговорноста меѓусебно си ја префрлаат три институции.

И по денешниот увид на локацијата која што е пресудна дали опасен резервора може да стои во населено место подалеку од училишта сеуште нема одлука.. Според, досегашната пракса специјалното оделение при МВР треба да даде дозвола, ангажираната фирма да изготви елаборат  кој треба да го провери министерстовто за животна средина. Какко ненадлежни засега се прогласија општина КАрпош, Министерството за транспорт и врски и здравство. Приватните болници велат дека ќе ја почекаат правната разврска околу новата болница која ќе треба да ја наполнат со кадар, а за надоместокот да потпишат договор со фондот за здравствено осигурување.   Донеле опрема и го средиле затворениот Ибис стајл хотел, односно поранешна Гинекологија Мала Богородица, додека се чека државата да ја заврши работата и да почнее леувањето на најмногу 100 пациенти одеднаш.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мерка за заштита на градот – туристите од денеска ќе плаќаат пет евра за влез во Венеција

Дејан Дејан

Во моментов нема индикатори за нов ценовен бран, но мора да произведуваме повеќе

Дејан Дејан

Земјава е пред политичка промена, бизнисот очекува исполнување на ветувањата дадени пред изборите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе