Вести Македонија Најважни

Прилеп засега без карантин – ќе се следи состојбата со ковид болните

Во Прилеп нема да има карантин ниту дополнителни рестриктивни мерки. Ваква одлука донела  Комисијата за заразни болести, а на прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски, му ја пренесе министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната средба во Прилеп.  Тој вели дека оние мерки кои се на сила веќе даваат резултати и нема потреба од други рестрикции во овој момент.

Како за Прилеп така и за територијата на цела држава, вчера имавме состанок на Комисијата за заразни болести,  не доаѓа предвид да се воведуваат доплнителни мерки, затоа што вака димензионираните мерки со затворени угостителски убејекти после 21 часот, забрана за групирање во целото деноноќие, постопено ја олабавуваат ситуацијата и затоа заеднички заклучивме дека дополнителни рестрикции не би дале значен ефект од тоа што го даваат мерките кои сега се на сила, вели министерот Филипче.

Градоначалникот Јованоски во средата побара карантин на целиот град поради драматичниот  пораст на бројот на заболени, хоспитализирани и починати во Прилеп. Статистиките покажуваат дека за само еден месец во овој град има 1800 новозаболени  и  72 починати. Министерот потврдува дека Прилеп е меѓу градовите  каде има, како што вели благ пораст  на заболени, но, вели дека деновиве, генерално попушта притисокот. Сепак, додава дека вирусот е непредвидлив и нема простор за опуштање.

Уште сме претпазливи и не сакаме да даваме предвидувања во смисла дали се тоа трендови, чекаме да видиме како ќе биде во следните денови. Но, во претходните денови го немаше оној притисок  како што беше во првите денови на ноември, вели Филипче.

Министерот Филипче и  прилепскиот  градоначалник Илија Јованоски, разговарале  и за  недостигот  на медицински пересонал, посебно поради тоа што дел од вработените во болницата се  позитивни на вирусот. На повикот на Јованоски се одзвале над 30  матични лекари кои веќе од утре се вклучуваат во дежурствата на Инфективно одделение во прилепската болнца.

Вклучени се од 30 до 35 доктори во овој момент. На почеток доволни се 5-6 лекари, па ќе се зголемува бројот. Оние кои се повозрасни и со коморбидитети нема да се вклучат. Оние кои ште се помлади, најспособни  сите ќе бидат вклучени и тоа е доволно да им помогната на колегите во Инфективното одделение, вели Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

Филипче вели дека во Прилеп засега не се предвидува поставување на модуларна болница, затоа што добро се менаџира сегашниот капацитет. Покрај Инфективното одделние, уште 4 други оддели се адаптирани во КОВИД центри, а во момнетот  има доволно  слободни кревети.

Емилија Мисирлијевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ

Дејан Дејан

25 години затвор за „Кралто на крипто-валутите“ поради финансиска измама

Дејан Дејан

Следува период на стабилно, сончево и топло време – Временска прогноза за 30.3.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе