Вести Македонија

Нема ни трага од модуларната болница во Струмица

Дури и да заврши регионалниот ковид центар во Струмица, тешко дека ќе профункционира бидејќи нема кој во него да работи. Диркеторот на струмичката општа болница вели дека нема медицински персонал, а дополнително имаат голем број вработени во самоизолација.

Регионалниот ковид центар требаше да биде сместен во новиот крак на болницата, но засега неговото отворање е неизвесно. Болницата и натаму е преполна и работи со максималниот капацитет. Министерот Филипче, пак најавува изградба на модуларна болница, но во Струмица нема никаква подготвка на теренот за неа, па не е јасно како таа

Министерот Филипче, пак најавува изградба на модуларна болница, но во Струмица нема никаква подготвка на теренот за неа, па не е јасно како таа ќе биде готова до крајот на годината, кога се уште не е почнат таков проект. Во Гевгелија, на пример, веќе цел месец се работи на модуларната болница а се очекува да стаса до Нова година.

Статистиките во Југоистокот покажуваат намалување на бројот на новоинфицирани случаи од 5 до 30%. Сепак, бројот на пациенти со тешка клиничка слика и понатаму е висок, како и бројот на смртни случаи во овој регион.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Адвокатите Феузи Џафери и Артим Ислами во трка за влез во Судскиот совет – трет обид да се избере нов член

Дејан Дејан

Мицкоски: Се бориме за фабрика повеќе и за добро платени работни места

Дејан Дејан

Прво роденден на ВМРО ДПМНЕ, па реконструкција на владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе