Македонија

Одложено судењето за „Меѓународен сојуз“

Главната расправа по предметот познат како „Меѓународен сојуз“ што требаше да се одржи денеска во Кривичниот суд во Скопје е одложена поради тоа што еден од обвинетите е се уште во болница откако врз него бил извршен оперативен зафат.

-Заради интерес на медиумите и невладините организации кои ја следата главната расправа по предметот со КОК бр. 49/20 во јавноста познат како „Меѓународен сојуз“, ја информираме јавноста дека главната расправа насрочена за денеска (24.09.2020 година) се одлага со оглед да еден од обвинетите сеуште е хоспитализиран по извршен оперативен зафат, соопштуваат од Кривичниот суд Скопје.

Советот за оценка на обвинителен акт на Основниот кривичен суд Скопје на 12 мај го одобри во целост обвинението против правното лице Меѓународен сојуз и пет други физички лица за кривичните дела „Измама“ и „Перење пари и други приноси од казниво дело“, по што беше гормиран и предмет за случајот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гори меѓу Грчец и Шишево и во радовишко – осум изгаснати пожари

Sasko Dimovski

Книжевна вечер во македонскиот КИЦ во Загреб за Снежана Младеновска-Анѓелков и Игор Анѓелков

Дејан Дејан

Најмалку 13 загинати и 66 повредени – голема експлозија во Катар

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе