Кошарка Спорт

Денвер избори,,мајсторка’’со Клиперс

За вториот финалист на Западната конференција ќе решава мајсторка.Денвер успеа да избори 7. меч во серијата со Клиперс, со триумф од 111-98.Слично како и на претходниот натпревар,екипата од Лос Анџелес имаше комотна предност.Клиперс стигнаа до +19 поени на почетокот од второто полувреме,но Нагетс предводен од Никола Јокиќ покажаа дека елиминацијата на Јута во претходниот круг од плеј-оффот по негативата зад Џезерите од 1-3, не е случајност.Центарот на Денвер постигна 34 поени на кои додаде 14 скокови и 7 асистенции.Во извонредното второ полувреме  се вклопи и Џамал Мареј кој заврши со 21 кош.Пол Џорџ беше најефикасен кај Клиперс со 33 поени,Ленард заврши со 25.Решавачкиот седми меч ќе се игра во среда наутро,кога почнува и финалната серија на Истокот помеѓу Бостон и Мајами.Претходно,Лејкерс со убедливи 4-1 против Хјустон  станаа  први   финалисти на Западот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тер Штеген ќе застане на голот на Интер?

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед го промовираше младиот Диего Леон

Дејан Дејан

Бони потпиша за Интер од Парма за 23 милиони евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе