Лос Анџелес Лејкерс го забележа вториот последователен пораз и вкупно трет во последниве четири настапи. Портланд славеше во дуелот против Денвер додека Лос Анџелес Клиперс беше поуспешен од Далас.
Хјустон триумфираше над Лос Анџелес Лејкерс со 112:97. Џејмс Харден мечот го заврши со 39 поени, 12 асистенции и 8 скока, а Бен МекЛемор беше стрелец на 20 поени.
Во поразениот тим во отсуство на ЛеБрон Џејмс кој не играше поради повреда, најефикасен со 21 поен беше Кајл Кузма додека Ентони Дејвис забележа 17 поени и 12 освоени топки под обрачите.
Портланд го совлада Денвер со 125:115. Демијан Лилард мечот го заврши со 45 поени и 12 асистенции, а Јусуф Нуркиќ додаде 22 поени и седум скока. На спротивната страна Мајкл Портер имаше учинок од 27 поени и 12 освоени топки.
Лос Анџелес Клиперс славеше над Далас со 126:111. Каваи Ленард постигна 29 поени додека Ивица Зубац имаше учинок од 21 поен и 15 скока. Во редовите на Далас Кристапс Порзингис забележа 30 поени, а стрелец на 29 беше Лука Дончиќ.
Во останатите натпревари Феникс – Индијана 114:99, Милвоки – Мајами 130:116 и Сакраменто – Њу Орлеанс 140:125.