Вести Економија

Со законот за задолжително осигурување на земјоделските посеви до намалување на оштетите кои државата ги плаќа на земјоделците

Законот за задолжително осигурување е веќе во финална фаза и веќе имаме еден концепт предлог до ФАО, посочува министерот Николовски. Доколку помине овој предлог закон, ќе може државата три години да ги покрива премиите за осигурување.

Со секоја апликација за субвенции ќе мора земјоделецот има и задолжителна осигурителна полиса. На тој начин го моделираме и целокупниот систем на штети и исплати од страна на државата, милионски суми кои до 2015 беа во значителен износ. Освен што го менуваме моделот на субвенции, ја менуваме и програмата за рурален развој каде што е значајно да се дефинира дека сите земјоделци, и оние кои егзистираат само од земјоделство, ќе бидат значајно привилигирани. Тие ќе имаат дополнително и можност, покрај субвенциите, да добијат и грант од 10.000 евра во следните 5 години, на отворен повик кој што ќе биде во текот на целата година, да аплицираат со нивен бизнис план, за тпа што нив им е потребно, рече Николовски.

Министерот посочува дека новиот ИПАРД ќе биде за 60 посто поголем заради досегашната успешност на негово исполнување.

Тоа значи дека во следните 7 години само преку новата ИПАРД 3 ќе имаме нови 210 милиони евра за модернизацја на земјоделството. За овој пакет треба широка и опсежна дебата заради тоа што е готов, како предлог, спремни сме за секој коментар, забелешка или предлог, заради тоа што се наоѓаме во една тешка криза, рече Николовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе