Вести Македонија Топ вести

За една година се издале 27 милиони рецепти што е зголемување за 8% – најмногу се трошат лекови за шеќер, желудник и за смирување

 Изминативе денови голем број граѓани регираа дека лекот за астма „Фостер“ поскапел од околу 300 на повеќе од илјада денари. Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски објаснува дека е воведен нов лек со ист состав, со што се укинува монополската позиција на пазарот, а новата терапија е достапна за пациентите без никаква доплата.

Дел од пациентите, кои со години го користат „Фостер“, изразуваат загриженост и страв дека новиот лек можеби нема да им делува на ист начин. Клековски ги смирува овие дилеми, посочувајќи дека станува збор за терапија со ист активен.

„Оваа одлука да се воведе втор лек и да се напушти монополот на единствен бренд е единствениот начин да се намалат цените на лекот, а тоа без конкуренција не може да се направи“, рече Сашо Клековски, директор на фондот за здравствено осигурување

Инаку, Фондот за здравствено осигурување минатата година потрошил повеќе од 11 милијарди денари за лекови. Во споредба со претходните години, трошоците бележат раст, што според Клековски се должи на воведување посовремени и поскапи терапии. Најголем дел од средствата биле наменети за лекување на кардиоваскуларни заболувања, за што се издвоени над една милијарда денари.

„Имаме вкупно издадени 27 милиони рецепти што е зголемување од 8%. Број еден е метформинот кој се користи за метаболички пореметување. Тој од 1. 900 000 рецепти во 2023 пораснал на 2,000 036 рецепти. Број два е пантопразол кој е  контрола на протонската пумпа на желудникот, на трето место е дијазапемот, па еналаприлот…..рече Сашо Клековски, директор на фондот за здравствено осигурување“

Од јуни на позитивната листа се додадени десет нови лекови кои може да се земат од аптека без доплата, освен лекот тирамат за епилептични напади, кој ќе треба да се доплати.

Директорот Клековски најави дека од јули на позитивната листа ќе се најдат и лекови против згрутучување на крвта.

Тамара Марковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Во долниот дом на парламентот во Букурешт без дебата или гласање – помина законот за обединување на Романија и Молдавија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе