Вести Свет

Загинаа три лица откако американската војска изврши напад врз брод кој наводно бил вклучен во шверц на дрога

Три лица загинаа откако американската војска изврши напад врз брод во источниот Пацифик, за кој тврди дека бил вклучен во шверц на дрога. Ова доаѓа по најавата за борба против наркокартелите во Латинска Америка од страна на американската администрација.

Со најновата акција, бројот на загинати во американските напади врз пловни објекти, кои Вашингтон ги поврзува со трговија со дрога, се искачи на најмалку 211 лица откако на почетокот на септември започнаа операциите против таканаречените „наркотерористи“.

Од Јужната команда на САД соопштија дека цел на нападот биле осомничени трговци со дрога кои се движеле по познати рути за шверц во источниот Пацифик и Карипското Море. Сепак, војската не презентираше докази дека нападнатиот брод навистина превезувал наркотични средства. На снимка објавена на социјалната мрежа Икс се гледа како бродот со голема брзина плови по морето, по што е погоден и се запалува.

Претседателот Трамп изјави дека САД се наоѓаат во „вооружен конфликт“ со латиноамериканските картели и оцени дека нападите се неопходна ескалација за да се спречи приливот на дрога во земјата и да се намали бројот на смртни случаи од предозирање. Сепак, неговата администрација досега понуди ограничени докази во прилог на тврдењата дека меѓу убиените има припадници на наркокартелите.

Критичарите ја оспоруваат и законитоста и ефикасноста на овие операции. Тие посочуваат дека фентанилот, кој е одговорен за голем дел од смртните случаи од предозирање во САД, најчесто се шверцува по копнен пат преку Мексико, каде што се произведува од хемиски супстанции увезени од Кина и Индија. Во меѓувреме, група американски сенатори побара Пентагон да објави немонтирани видеоснимки од нападите, кои во последните месеци предизвикаа засилени критики од дел од демократските конгресмени и експертите по воено право.

Канцеларијата на генералниот инспектор на Пентагон во мај соопшти дека ќе спроведе проверка за тоа дали американската војска ги почитувала утврдените процедури при изборот на целите за напад. Според информациите, истрагата ќе се фокусира на примената на воените протоколи за таргетирање, а не на правната оправданост на самите напади.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

XXVI недела на италијанскиот филм – „Љубовта во сите нејзини облици“

Дејан Дејан

Царина спречи криумчарење на ботокс – oсомничени доктор и медицинска сестра од клиниките „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Ескалација на судирите меѓу Израел и Хезболах во јужен Либан

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе