Во согласност со реформската агенда треба да се спроведе и Законот за Јавно обвинителската служба, смета републичкиот Јавен обвинител Ненад Савески. Тој укажа на разликите меѓу заклучоците на работната група на овој предлог закон и она што го добија како верзија на Јавната расправа во Собранието од Министерството за правда.
Според него, потребна е целосна финасиска независнот на Обвинителството, но и подобрување на условите за работа. Тој во вечерашната „Топ тема“ изјави дека засега имаат одобрување од министертвото за финансии за вработување на 10 истражители и тројца јавни обвинители, но дека е проблем што од Аадемијата за судии и обвинители нема нов кадар.
