Вести Најважни Свет

Венс: Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е „мошне општ документ“, деталите допрва ќе се договараат

Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави денеска дека меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран е „мошне општ документ“ и оти деталите за конечниот договор ќе бидат усогласени во текот на натамошните преговори.

-Меморандумот за разбирање има околу една и пол страница и е многу општ документ, изјави Венс во разговор за „Си-Ен-Ен“. Тој додаде дека за повеќе прашања ќе биде потребно решение да се бара во фазата на техничките преговори.

Во интервју за телевизијата „Ен-Би-Си“, Венс истакна дека на инспекторите на Меѓународната агенција за атомска енергија „безусловно“ ќе треба да им биде дозволено да се вратат во Иран, како дел од евентуалниот иден договор.

Според него, еден од клучните елементи на договорот е МААЕ и САД да му помогнат на Иран да ги уништи своите резерви на високо збогатен ураниум што, како што рече, е јасно наведено во меморандумот за разбирање што двете страни веќе го усогласиле.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Грција со мерки за намалување на гужвата на границата со Македонија

Kristina Kuzmanovski

Јавна расправа за законите за судска и јавнообвинителска служба

Kristina Kuzmanovski

Ревизија нотира системски слабости во судскиот систем

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе