Полицијата во Струга соопшти дека до нив вчера било пријавено дека кај „Машка плажа“ во водите Охридското Езеро било забележано безживотно машко тело.
Телото веднаш било пренесено во Општата болница во Струга, каде доктор од болницата констатирал смрт без траги на насилство.
Како што сооошти СВР – Охрид, утврдено е дека се работи за С.С.(20) од струшкото село Октиси. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот и околностите поради кои настапила смртта.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
