Вести Македонија

Комисијата за антидискриминација поведе постапка за заштита од дискриминација на лицата со попреченост

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација поведе постапка за заштита од дискриминација за скратените часови за лични асистенти на лицата со попреченост. Комисијата ја донела одлуката на седница минатата недела. Одлуката ја споделија од Коалицијата „Менуваме“, од каде за намалените часови за лични асистенти, без медицинска реевалуација на засегнатите, чии лични податоци завршиле кај нови провајдери од Западна Македонија, информираа на прес-конфренција на 30. март. А, претходно испратиле претставка до Комисијата за антидискриминација.

Во нејзината одлука се споменува и допис од Здружението на лица со церебрална парализа од Велес, за поднесена жалба до Министерството за социјална политика, во врска со обезбедување помош и нега во домот од Центарот за социјална работа во Кавадарци.

„Се поведува постапка за заштита од дискриминација по службена должност, врз основа на индиции за сторена дискриминација врз основа на попреченост кон лица со попреченост, од страна на Министерството за социјална политика , демографија и млади и Центри за социјална работа , а во врска со обезбедување услуга за лична асистенција, согласно Законот за социјална заштита“, велат од Комисија за заштита и спречување дискриминација.

Од Комисијата за антидискриминација испратиле допис до ресорното министерство и до Центарот за социјална работа во Кавадарци. Тие имаат рок од 15 дена да одговорат, а врз основа на исказите Комисијата ќе донесе мислење. Ако се утврди дискриминација, ќе бидат донесени препораки до надлежните институции, дополнуваат од Комисијата.

Од Министерството за социјална политика велат дека ќе ја почекаат одлуката на Комисијата и согласно на неа, ќе преземат понатамошни дејствија, доколку се утврди дека се потребни.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Претходната влада го дуплира долгот што го направиле сите влади од осамостојувањето

Sasko Dimovski

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе