Вести Свет Топ вести

(Видео) Украински дронови ја погодија рафинеријата за нафта во рускиот град Саратов

Од украински беспилотни летала беше нападната Рафинеријата на нафта во рускиот град Саратов во текот на ноќта, пренесоа локалните канали на Телеграм кои споделија снимки за кои се тврди дека покажуваат експлозии во објектот.

Гувернерот на регионот Саратов, Роман Бусаргин, потврди на Телеграм дека беспилотните летала оштетиле цивилна инфраструктура, но не кажа директно дали самата рафинерија била погодена.

Руските медиуми известуваат дека по инцидентот, привремено се воведени ограничувања за летови на регионалниот аеродром.

Рафинеријата во Саратов произведува повеќе од 20 видови нафтени производи, вклучувајќи бензин, дизел, мазут и битумен. Според податоците на украинскиот Генералштаб, во 2023 година, фабриката преработила околу 4,8 милиони тони сурова нафта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче во Вин Вин за контроверзите за „Златната виза“ во Дубаи: Тоа е една вулгарна верзија на тоа што сака ВМРО ДПМНЕ

Дејан Дејан

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе