„Простете градоначалник, но ако може накратко за да разбереме и ние кои не знаеме добро албански“, беше првичното потстетување на Јаневска кон Касами за време на вчерашниот настан во Тетово посветен на образованието.
Министерката Јаневска му посочи на тетовскиот градоначалник Касами да зборува на македонски јазик со цел таа, но и професорите да го разберат за што зборува и дава изјава пред новинарите.
Тетовскиот градоначалник изреагира, но по третата реакција на Јаневска – дека ќе каже на македонски јазик, откако прво ќе заврши на албанскиот.
Денес од ВРЕДИ преку соопштение со наслов „Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација“ ја искараа Јаневска што не знаела ни збор албански, во мултинационална средина.
„Наместо да се чувствува лошо што г-дин Касами зборува македонски како и албански, додека таа и покрај тоа што живее во повеќејазична средина не знае ниту еден збор на албански јазик, министерката Јаневска реагираше затоа што не разбираше албански јазик. Поради оваа причина, ВЛЕН изразува жалење за ваквиот пристап на министерката Јаневска кон албанскиот јазик и во оваа прилика нагласуваме дека таков став е во спротивност со духот на почитување и соживот што треба да го отелотворува секој претставник на државните институции“, напишаа од „Вреди“, од каде сметаат дека „почитувањето на јазиците што се зборуваат во оваа земја е почитување на граѓаните и на самата држава што ги обединува“.
По настанот вчера, Јаневска за весникот „Вечер“ изјави дека „Доколку имам повеќе време ќе се потрудам да го доусовршам мојот албански јазик“ по забелешката од страна коалициониот партнер во Владата, ВЛЕН.
Симона Груевска oд Институтот за македонски јазик, порача дека „министерката образование и наука апсолутно НЕМА обврска да го знае албанскиот јазик, а господинот Касами МОРА да го знае македонскиот јазик. Од ВЛЕН и прво да го прочитаат Уставот за да не даваат недоветни изјави“.
Теа Димковска
