Вести Македонија Најважни

Зградите како сардини, становите се продаваат како алва

Непријатна блискост со соседот од другата заграда и тоа по цени кои достигнуваат и над 2.500 евра. Ова е само дел од скопскиот урбан колаж во кој се бара стан повеќе. Рекордот е урнат и се продава метар квадратен за 3.000 евра, но во какви урбанистички услови.

Балкони преку кои може да си подадете кафе со комшиите. Улички како тунели од кои небото се гледа само вертикално. Згради изградени на меѓа без странична фасада.

Секогаш кога ќе видите мала куќа во централното градско подрачје се прашувате до кога ќе биде таму. Се бара плац повеќе, згради се прават на плацови од само стотина квадрати.

Станбениот квадрат во Скопје го проби плафонот од 3.000 евра. Просечната цена во Центар и во Карпош надмина 1.500 евра. Становите се продаваат како алва, а половина стојат празни.

Професор Мишко Ралев вели дека има многу нелогичности во цените на станбениот квадрат во Скопје. Тоа што голем дел од становите стојат празни наведува на заклучок дека дел од луѓето имаат пари, кои не знаејќи каде да ги инвестираат, ги инвестираат во станови, водени од логиката дека станот „ни јаде ни пие“, зашто данокот на имот за станови кои не се користат е премногу мал.

„Ние сме сведоци дека има навистина лоши станови, урбанистички со невидена густина. Зборуваме за неквалитетно домување. Преблиску згради, критериуми не постојат“, изјави проф. д-р. Мишко Ралев, архитект.

Професор Ралев вели дека тоа што голем дел од становите стојат празни, влијае на неефикасноста и на квалитетот на живот на останатите жители, затоа што тие трошат повеќе за греење и ги покриваат трошоците за целата инфраструктура.

„Празните станови, иако се празни, иако велиме не трошат ништо, тие трошат. Затоа, некои други понапредни општества ги регулирале тие односи и многу е мал делот на невселени станови. Ако не се населени, тогаш прават загуби на електрична енергија, снабдување со вода, затоа што цела инфраструктурна опрема треба да биде вградена“, вели Ралев.

Податоците на Народната банка покажуваат дека цените на становите во третиот квартал се зголемиле за 25 отсто во однос на лани. За пет години, цените на недвижностите речиси се удвоиле, односно пораснале за скоро 93 проценти. Од друга страна, резултатите од пописот во 2021 година покажуваат дека во Скопје има 60.000 празни станови. Во Општина Центар, 40 отсто од становите зјаеле празни, а цените растат.

Срѓан Стојанчов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 188 загинати и над 1500-тини повредени во двата разорни земјотреси во Венецуела – спасувачите трагаат по преживеани низ урнатините

Дејан Дејан

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ игра на картата на национализам и популизам само за да опстане на власт

Дејан Дејан

СДСМ откри сомнителни тендери вредни над 100 милиони евра поврзани со владејачката партија, потенцираше Филипче во Вин Вин

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе