Вести Македонија Најважни

Оставка или разрешување на Димитровска од функцијата претседател на ДКСК?

Претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска да даде оставка или Собранието да ја разреши. Ова треба да епилогот откако беше поднесено обвинение против првата антикорупционерка за оддавање на службени тајни на обвинет во случајот „Адитив“ и за компјутерски фалсификат, смета нејзината претходничка на функцијата Билјана Ивановска. Според неа, Димитровска требаше уште на почетокот кога беше отворена истрагата за случајот да се повлече од ДКСК, а текот на настаните само го потврдува тоа.

„Не може претседател на институција што треба да е симбол за интегритет, за етичко за морално однесување да не применува ниту една буква од овие вредности. Ние многу знаеме да зборуваме за етика, но едно треба да ни е јасно, етиката не е само теорија сите постапки и одлуки се одраз на нашите етички норми. Таа доколку и понатаму не дава оставка, односно не и значат овие етички норми со кои што прави голема штета на институцијата сметам дека Собранието има одговорност и законско право да ја разреши и да избере нов претседател и со тоа да заврши оваа темна страница на институцијата“, смета Ивановска. 

Ивановска додава дека со оглед на фактот што на Димитровска и беше изречена мерка забрана за вршење на должноста со тоа се исполнети условите Собранието да ја разреши.

Она што беше новина со обвинението е дека при проверката на службениот телефон на Димитровска било откриено дека таа и нејзин поранешен колега ревизор направиле фалсификат и упад во системот за класифицирани информации. Тоj од компјутер на ДЗР користејќи ја нејзината електронска адреса и во нејзино име го положил тестот за класифицирани информации.

Од Државниот завод за ревизија за Телма велат дека се уште нема пристигнато известување од обвинителството за случајот и за кој ревизор станува збор.

„Во интерес на заштита на ДЗР истиот ден писмено се обративме преку електронска пошта до надлежното обвинителство за добивање на детални информации и согласно склучениот меморандум за разбирање меѓу ДЗР и ЈОРСМ за да можеме да ги преземеме сите мерки и активности согласно одредбите на законот за државна ревизија и одредбите на законот за административни службеници, вели Максим Ацевски претседател на ДЗР

Од ДКСК не договорија на телефонскиот повик и на пораките на Телма за коментар на обвинението за нивната шефица Димитровска.

„Можат и тие можеби да поднесат иницијатива за разрешување, макар што и без никаква реакција од нивна страна јас пак ќе ја лоцирам одговорноста пред Собранието. Тие може да се дистанцираат, да кажат дека нејзиното однесување е само нејзино, да се оградат од начинот на кој што раа псотапувала и се однесувала, да го заштитат својот интергитет, но крајната одлука и крајниот ефект треба да се случи во Собранието“, додава Ивановска.

Димитровска се брани од слобода со одземен пасош но може да оди на работа со тоа што има забрана да работи на предмети и да има контакт со пошта и друга документација. Истрагата против неа започна, откако обвинителството направило вештачење на телефонот на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, кој е обвинет во случајот „Адитив“.

Марија Митевска

 

 

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрушевски: Претходната влада го дуплира долгот што го направиле сите влади од осамостојувањето

Sasko Dimovski

Нула резултати, економски дебакл, лажни ветувања, рекорден долг на државата – оценка на Тренчевска за двегодишниот учинок на владата на ВМРО-ДПМНЕ

Sasko Dimovski

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе