Вести Македонија Најважни

(Видео) Коцевски во Топ Тема: Издадена е наредба за приведување на уште седум полициски службеници, истрагата се проширува

Објектот „Пулс“ не бил познат само на полицијата, бил познат на целиот град. Бил познат ина локалната самоуправа, бил познат и на сите надлежни институции кои што требало да функционираат, рече државниот обвинител Љупчо Коцевски во интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Што значи дека 13 години во Кочани не е извршен никаков инспекциски надзор на објектот“, рече Коцевски.

Во однос на полициските службеници кои биле ноќта, додаде Коцевски, „јавното обвинителствот сè уште собира докази зошто отишле, по чиј налог, што презеле и кога се случил пожарот“.

  • „Во однос кои се тие полициски службеници и што се дел од истрагата, јавното обвинителство за дел веќе има отворено истрага, меѓутоа еве ќе кажам во моментов, ми јавуваат, дека има издадено наредба за приведување на уште седум полициски службеници и утре ќе бидат изведени пред јавниот обвинител, а потоа и пред судија на претходна постапка“, истакна Коцевски и додаде дека истрагата се проширува.

Телма дознава дека меѓу нив е командир на полициска станица Кочани кој беше разрешен по пожарот во дискотеката, заедно со уште шест други полициски функционери, за да се овозможи непристрасна истрага.

Според информациите на Телма, меѓу приведените се полицајци кои потпишувале сообраќајни решенија за паркинг на кабарето „Пулс“.

Сите седум ново-осомничени се обезбедени од полицијата.

Од министерството за внатрешни, велат дека постапуваат на терен и повеќе информации најавија за утре.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Савески: Јавната обвинителка во предметот за мазутот сметала дека единствен резултат од прибраните докази е Наредба за запирање на постапката

Sasko Dimovski

Не смееме да оставиме впечаток за конфликт меѓу обвинителството и МВР, рече Савески во врска со наводната шпионска афера во претседателскиот Кабинет

Sasko Dimovski

Савески: Јавувањето од премиерот не гледам дека ми се удри од глава, немаше ниту еден збор од него што го почувствував како притисок

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе