Како што најавија, голем број на граѓани во државата денеска одлучија да ги заобиколат ланците на маркети и да ги остават паричниците затворени. Бојкотот на граѓаните на големите трговци почна утрово со отворање на вратите за потрошувачите и трае до истек на денешното работно време на маркетите.
Она што може да се забележи е дека кон бојкотот се приклучиле мнозинството на граѓани, бидејќи е очигледен намален број на купувачи во маркетите и на касите.
Граѓаните сметаат дека денешниот бојкот нема да смени многу, но сигналот испратен до надлежните и трговците е јасен.
Се бојкотираше во, речиси, сите градови низ државата. Причините исти – произволно покачување на цените на продуктите без кои едноставно не може да се живее или функционира.
Надлежните и бизнис секторот едногласни, алармот е вклучен.
Претседателот на Стопанската Комора, Бранко Азески смета дека проблемот трае со години и дека постои ризик бојкотирањето да стане секојдневие и излезот од ситуацијата го гледа во дијалог.
Трговците мора да ги почитуваат законите, бидејќи ќе следуваат драконско сказни, порачаа надлежните.
Огнен Чанчаревиќ