Спорт Фудбал

Манчестер јунајтед носи нов голгетер во јануари: Зиркце на излезни врати

Новиот менаџер на Манчестер јунајтед, Рубен Аморим во јануарскиот преоден рок сака да го доведе Виктор Озимен како прво засилување. Голгетерот моментално игра во Галатасарај како позајмен играч од Наполи.

Тој во договорот со италијанскиот клуб има откупна клаузула од 75 милиони евра, што Јунајтед е подготвен да ја плати. Нигериецот е одличен напаѓач за кој Аморим смета дека ќе биде идеален партнер на Расмус Хојлунд.

Џошуа Зиркце по само шест месеци на „Олд Трафорд“ би можел да си замине назад во Серија А. Наводно Јувентус е заинтересиран за Холанѓанецот, кој лани блескаше во Болоња, но во Манчестер јунајтед е само бледа сенка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Шпанија фуриозно против Саудиска Арабија за прва победа на СП 2026 (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе