Вести Македонија

Кривична пријава за вработен во Национални шуми за примање мито

СВР Струмица поднесе кривична пријава против референт во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница Беласица, за сомнение дека во текот на последните шест години континуирано барал и примал парични надоместоци од жител на струмичко село, кој сакал да добие дозвола за сеча на дрва.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи осомничениот ја злоупотребил својата службена должност за да добие парични средства, или преку себе, или преку посредници.

Референтот по добивањето на поткуп, контактирал лице што издавало дозволи за сеча на дрва на планината Огражден и барал да ја издаде дозволата за сеча на дрвата. На 6 ноември 2024, при прием на паричен надомест, тој бил лишен од слобода од полициски службеници.

Претреси биле извршени во неговиот дом и во домовите на уште две други лица, при што биле пронајдени предмети за кои се смета дека се поврзани со делата. По апсењето, судија од Основен суд Струмица му определи 30 дневен притвор.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Намален прометот од продажба на услугите

Kristina Kuzmanovski

Муцунски во Лондон на средба со шефицата на британската дипломатија Ивет Купер

Kristina Kuzmanovski

Њусом: Трамп покрена истрага против мене поради мојата најава за кандидат за претседател

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе