Во претпладневните часови сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, на повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кус временски период, грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и град. УВ=7
Во Скопје претпладне сончево и топло со умерена облачност. Попладне со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град.
Информации од ова утро: 26.6.2024 год
Минимална температура (во °C)
14 Берово, 16 Битола, Крива Паланка, 17 Скопје-Петровец, Демир Капија, Крушево, Претор, Прилеп, 18 Струмица, Охрид, Дебар, 19 Куманово, 20 Дојран.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
14 Тетово, 3 Штип, 1 Битола.
Температура на вода, измерена во 7:30 часот (во °C)
- Охридско Езеро 25.0,
- Преспанско Езеро 23.0,
- Дојранско Езеро 28.2
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]