Месец јуни ќе го отпочнеме со претежно сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. UV=7
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец.
Информации од ова утро: 31.5.2024 год
Минимална температура (во °C)
5 Лазарополе, 7 Попова Шапка, Берово, 9 Маврови Анови, 10 Битола, Прилеп, Крива Паланка, Охрид, Претор, Крушево, 11 Скопје–Петровец, Тетово, Струмица, 12 Велес, Скопје–Зајчев Рид, 13 Куманово, Штип, Демир Капија, Виница, Кавадарци, Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
7 Попова Шапка, 5 Лазарополе, 4 Битола, Виница, 3 Прилеп, 2 Тополчани, 1 Тетово, Пожаране, Велес, Гевгелија, Крушево.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
