Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне претежно во планинските подрачја ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи.
Информации од ова утро: 22.5.2024 год
Минимална температура (во °C)
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец.
5 Лазарополе, 6 Берово, 7 Попова Шапка, 8 Маврови Анови, 9 Крива Паланка, Охрид, Крушево, 10 Тетово, Прилеп, 11 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Дебар, 12 Битола, Струмица, Демир Капија, Виница, 13 Куманово, Велес, Штип, Кавадарци, 16 Гевгелија, 17 Дојран.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
8 Скопје-Петровец, 6 Попова Шапка, 5 Струмица, Тетово, 4 Виница, 3 Демир Капија, 1 Штип, Пожар.
Забелешка: Дадените вредности за количината на врнежи се измерени на дождомерните места на УХМР. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
