Кошарка Спорт

Брансон постигна 61 поен за Никс, Минесота го симна Денвер од врвот на Западот (ВИДЕО)

Во НБА-лигата утринава се одиграа неколку интересни пресметки. Ѕвезда на вечерта беше Џејлен Брансон од Њујорк. Денвер на домашен терен загуби од Минесота во дербито на Западната конференција, а Лука Дончиќ уште еднаш му покажа на Владе Дивац колку многу погреши што не го драфтуваше за Сакраменто пред шест години.

Џејлен Брансон постигна 61 поен за Њујорк, но неговиот тим загуби на гостувањето кај Сан Антонио со 130-126 по едно продолжение. Кај Спарс, Виктор Вембањама стигна до рекордни 40 поени, 20 скока и седум асистенции во неговата деби сезона во НБА.

Во дербито на Западот, Денвер пред своите гледачи загуби од Минесота со 98-111. Ентони Едвардс имаше 25 поени, а Мајк Конли 23 за Тимбервулфс. Кај шампионот, кој беше без Џамал Мареј, најефикасен беше Никола Јокиќ со 32 поени и 10 скока. Со овој пораз Нагетс паднаа на третото место на табелата, додека Минесота сега го дели врвот во Западната конференција со Оклахома, која славеше со 128-103 против Феникс.

Лука Дончиќ постигна 26 поени, имаше 12 асистенции и девет скока во победата на Далас, кај Сакраменто од 107-103. Пред самиот финиш на натпреварот кога Словенецот погоди две слободни фрлања му испрати поздрав на поранешниот прв оперативец на Кинс, Владе Дивац, кој седеше во првиот ред. Дивац пред шест години имаше шанса да го драфтува Дончиќ, но се одлучи за Марвин Бејгли.

На останатите натпревари, Индијана со 109-90 славеше против Лос Анџелес лејкерс, Голден Стејт дојде до триумф од 115-97 кај Шарлот, Клиперс беа подобри од Орландо, а победи остварија и Детроит, Бруклин, Кливленд, Мајами и Хјустон, кој го запиша 11-тиот триумф во низа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Ракометарките на Ѓорче Петров ја освоија двојната круна

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски го донесе првиот трофеј за Алкалоид

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Андреев и Гавриловиќ најдобри на триатлонот во Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе