Кошарка Спорт

МЗТ го испушти баражот: Ќе има шанса да му се реваншира на Широки во плејофот

МЗТ Скопје загуби од Широки Брег со 82-79 во последното коло од регуларниот дел од сезоната во АБА 2 и пропушти голема шанса да обезбеди барем бараж за пласман во елитното регионално натпреварување.

Со вечерашниот пораз во Широки, македонскиот првак не успеа да го освои 4.место на табелата, кое му припадна на вечерашниот риавал и нема да биде најдобро рангираниот тим во лигата, што не доаѓа од Србија. Поради ограничувањето на бројот на српски тимови во АБА-лигата, МЗТ можеби ќе имаше шанса да игра бараж со најслабиот тим од елитата. Во овој случај, скопскиот тим ќе мора да биде шампион на АБА 2 за да обезбеди пласман ранг погоре.

Вечерва во салата „Пецара“, МЗТ беше надигран три четвртини. Широки постојано водеше, а најголемата предност ја имаше во третиот период со 24 разлика. Нашиот тим се разбуди доцна во последниот период. Беше на пат да направи сензационален пресврт па дури имаше и напад за изедначвање, но Харис Делалиќ не погоди. Натпреварот заврши со 82-79 за ривалот од Босна и Херцеговина.

Марко Баковиќ со 16 поени беше најефикасен кај МЗТ, Делалиќ имаше 12, а Војдан Стојановски 10 поени. Кај Широки најмногу се истакна Мартин Јунаковиќ со 17 поени.

МЗТ го освои 5.место на табелата и во плејофот и ќе се соочи токму со вечерашниот ривал. Првиот натпревар од четвртфиналето е на 10 април во Скопје во „Јане Сандански“ додека реваншот е за седум дена во Широки Брег.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Шкендија со победа го потврди второто место во првенството

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Чаир преку Вардар до финалето на Купот

Дејан Дејан

ФОТО галерија: Галевски му донесе историско финале на Алкалоид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе