Вести Економија Најважни

По години чекање и обвинувања за „рачиња во мед“ потпишан договорот за скопската пречистителна станица – се чека потписот на Арсовска

По години чекање, преговори, перипетии и обвинувања за „рачиња во мед“, денеска на денот на водата и официјално се потпиша договорот за грант од ЕУ во износ од 70 милиони евра за изградба на пречистителна станица во Скопје кој е единствен главен град во регинот и во Европа што не ги третира загадените води.

Со овие средства се закоружува финансиката рамка од 200 милиони евра неопходни за изградбата на пречистителната станица која ќе ги задоволи потребите на 540 илјади жители и значително ќе го подобри квалитетот на отпадните води и водата во реката Вардар и ќе се намали загубата на водата која во моментов достига и до 60 отсто.

Прецизна дата кога ќе се потпише договорот и ќе старува изградбата на станица во Трубарево немаше ниту министерката Шукова ниту градоначалничката Арсовска. Шукова се надева дека ќе ги надминат недоразбирањата со градоначалничката.

Претставникот на Европската инвестициска банка дециден дека во текот на постапката и јавните набавки немало никакви проблеми а тоа го потврдиле контролите и проверките и дека е време да се потпише договорот.

Она што е клучно е дека министерството за животна средина ќе ги забрза постапките за да се надгради пречистителната станица и да може да ги остртанува фосфорот и азотот далеку порано од 2045 година како што е првичниот план. Покрај изгрдбата во Скопј, пречистителни станици ќе се изградата и во Тетово, Битола, Велес и Штип со што ќе се покрие 70 отсто од националнито капацитет на води.

Пречистителната станица беше во центарот на вниманието откако градоначалникчата Арсовска обвини дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ се фатени со „рачиња во мед“ односно во малверзации со тендерот за изградба и го разреши директорот на Водовод и Канализација – Златко Перински што наиде на жестока реакција од неговата матична партија која на крајот резултираше со целосно раскинување на соработката меѓу градоначалничката и ВМРО – ДПМНЕ.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нови битки за Преспа: СИРИЗА со осуда за изјавите на Мицкоски, но и со нотирање одговорност за Мицотакис

Дејан Дејан

Дали ќе се раскинува договорот со “Бехтел&Енка” за над милијарда евра вредните коридори?

Дејан Дејан

Милијардата ќе биде европска, но не унгарска, објаснува Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе