Со емитувањето на содржината на Вториот програмски сервис на Македонската телевизија се прекршени посебните забрани од член 48 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, заклучи Програмскиот совет на МРТ на денешната седница. Го задолжуваат директорот на МРТ, согласно законските надлежности, да преземе соодветни активности и мерки за утврдување на одговорност во врска со констатираното прекршување.
Укажуваат и дека треба да се предложат и имплементираат и дополнителни механизми за уредничка контрола, со цел спречување на идни слични случаи.
