Вести Македонија

Макпетрол и Фортинет со заеднички решенија против сајбер напади

Во ера кога секој бизнис и секој граѓанин е цел на сајбер закани, соработката со локалните ИТ експерти и глобалните технолошки лидери е клучна за создавање на побезбедна дигитална иднина. Сајбер заканите стануваат секојдневие, но важно е да се вложи во решенија кои на македонското стопанство ќе му помогнат да се спротивстави на растечките дигитални ризици, а истовремено да го следи глобалниот технолошки развој посочуваат експертите од овој сектор.

„Ние денес во дигиталната ера имаме голем број предизвици кои ни прават закани од различни типови на сајбер криминалци. Тоа веќе не се само поединци туку денес има и компании кои се занимаваат со сајбер криминал, а се разбира дека имаме и државни фирми кои напаѓаат од политички причини“, изјави Жељко Симиќ од Фортинет.

Препораките се дека треба многу поголемо внимание да се посвети на заштитата од сајбер закани.

„Дигитализацијата е добра за општеството, ама треба и да се заштити. Со трослојна заштита која ја нудат нашите партнери и со нашите технологии сме во можност да им овозможиме на фирмите да се одбранат од тие закани“, додаде Симиќ.

Компаниите Фортинет и Макпетрол, на конференцијата која ја организираа посочија дека безбедноста повеќе не е технички проблем туку стратешка потреба на секоја компанија. Двете компании посочуваат дека со партнерството ќе обезбедат брзи, паметни и безбедни мрежи, со што ќе се одговори на потребите на клиентите и ќе се зајакне отпорноста на стопанството.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе