Вести Свет

ЕЕС системот ќе почнува да се применува од 10 април – нови правила на границите на ЕУ

Европската унија (ЕУ) е подготвена за почеток на примената на ЕЕС, новиот систем за биометриска проверка на патници кои влегуваат во Шенген зоната, а кој ќе стапи на сила на 10 април.

Како функционира ЕЕС системот

  • земање отпечаток од прст при првиот влез
  • фотографирање на лицата на патниците
  • автоматско препознавање при наредни влегувања
  • евидентирање на влезови и излези од ЕУ
  • детекција на лажни идентитети

Според информациите од Генералната дирекција за внатрешни работи на Европската комисија (ЕК), досега во системот се регистрирани 45 милиони патници од целиот свет.

Медиумите објавуваат дека полициските службеници ќе бараат од патниците да излезат од возилата, со што ќе се пролонгира времето на чекање на граница за две до пет минути по лице. Но, од Генералната дирекција за внатрешни работи на ЕК велат дека граничните служби ќе имаат дискреционо право за привремена суспензија на проверките во случај на големи гужви, особено во текот на туристичката сезона, што беше барање на туристичките агенции.

Како што е нагласено, ако редовите на граничните премини се однесуваат на чекање подолго од три часа, полициските службеници ќе можат да прават биометриски проверки и да прават само традиционални пасошки контроли, како што беше до воведување на ЕЕС системот.

Генералната дирекција за внатрешни работи на ЕК тврди дека првата фаза од примената на системот ги покажала сите негови добри страни за кои тврдат дека ги исполниле сите очекувања.

„Повеќе од 24.000 луѓе се одбиени на границите од различни причини, како неадекватно образложување на посетите, но и истечени или фалсификувани документи. Системот, исто така, помогнал во идентификација на повеќе од 600 луѓе кои претставувале безбедносен ризик за Европа. Нив им бил одбиен влез и евидентирани се во системот. Како резултат на тоа, доколку се обидат да влезат во друга европска земја која го користи системот, граничните власти ќе видат дека претходно им бил одбиен влез“, наведуваат од Генералната дирекција за внатрешни работи на ЕК.

Примената на ЕЕС системот го почувствуваа и професионалните возачи на камиони кои се жалат дека службениците ги враќаат од европските граници поради кршење на правилата за 90-дневен престој во Шенген зоната на секои шест месеци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе