Вести Свет

Сенатот постигна договор за отворање на владата на САД

Американскиот сенат постигна договор за финансирање и повторно отворање на американската влада, отворајќи го патот за надминување на најдолгиот период во кој повеќе американски институции не функционираа. По викендот преговори во Вашингтон, осум демократи им се придружија на Републиканците и гласаа за договорот.

Ова гласање е процедуралниот прв чекор кон изгласување на компромисот за финансирање на владата, откако почна затворањето на институциите на 1 октомври. Осуммината демократи тврдат дека оваа одлука ја донеле за заштита на здравствената заштита на американците од т.н. Обамакер, иако во суштина, единствено добија можност да го постават прашањето за заштита на здравствениот систем во горниот дом на Конгресот.

Актуелното затворање на американската влада е најдолгото досега во историјата на САД и голем дел од владините служби не функционираа од октомври, додека околу 1 милион и 400 илјади вработени во федералната администрација беа или на неплатен одмор или работеа без плата.

Затворањето на владата има бројни последици на различни аспекти на функционирањето на владата, вклучувајќи го авионскиот сообраќај и помошта во храна за 41 милион сиромашни Aмериканци.

Сепак, мнозинство од сенаторите во Демократската партија оценуваат дека договорот со кој се согласиле осумтемина сенатори не прави ништо за решавање на проблемот со растечките цени на здравственото осигурување во САД и е капитулација пред Трамп и републиканците.

Иако лично гласаше против овој договор, многумина веруваат дека зад овој договор стои лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер.

Сепак, ова е само првиот чекор, пред да стапи на сила, договорот ќе мора да биде поддржан и од долниот дом на американскиот Конгрес, претставничкиот дом.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Во долниот дом на парламентот во Букурешт без дебата или гласање – помина законот за обединување на Романија и Молдавија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе