Вести Македонија Најважни

(Видео) Николовски: ИПАРД 3 програмата е суспендирана, исплатите кон земјоделците во целосен прекин на неопределено време

Во петокот околу 16 часот од Националниот координатор за авторизација, преку механизмот за суспендирање на плаќања, е донесена одлука за суспендирање на ИПАРД 3 програма, односно одлука за суспендирање на плаќањата во ИПАРД 3, изјави Љупчо Николовски од СДСМ на денешната прес-конференција.

„Одлуката стапила на сила веднаш, на неопределно време, се до исполнување на одредени услови и акциски планови. Оваа суспензија опфаќа целосен прекин на исплатите кон земјоделците и компаниите кои што веќе имаат склучени договори и веќе реализираат инвестиции од оваа програма, потпишување на нови договори и преземање на финансиски обврски од Платежната агенција, како и објавувањето на нови јавни повици. Сето ова е под суспензија“, истакна Николовски.

Како причина го наведе скандалот со барање и примање на мито од директорот на Платежната агенција и уште четири други лица, меѓу кои и блиска соработничка на министерот за земјоделство. Одлуката, како што рече, е дистрибуирана до македонските власти и, според него, претставува „директна последица на голем корупциски скандал и тотален колапс на системот кој беше граден седум години со Европската комисија имногу наши професионалци“.

„Ова, за жал, се случува само во владеењето на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2011 година во ИПАРД 1, кога останавме со 12 проценти искористеност на европските средства и денеска во 2025 година, во ИПАРД 3, повторно во време на ВМРО-ДПМНЕ. За одлуката, според нашите информации, е извесета владартам вицепремиерот за европски прашања, министерката за финансии и министерот за земјоделаство. Зошто владата ја криеше оваа одлука од јавноста викендот, дали власта со премолчување на одлуката се обидува да ги заштити вмешаните во овој корупциски скандал“, прашува Николовски.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Во долниот дом на парламентот во Букурешт без дебата или гласање – помина законот за обединување на Романија и Молдавија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе