Вести Економија

Невладините бараат мораториум на металични суровини

Граѓанските здруженија предлагаат мораториум за металични суровини, а умерен развој на неметаличните суровини. Ваков предлог доставиле до Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, а се однесува на законите за рударство и геологија кои до 28 август беа поставени на ЕНЕР и за нив доставуваа забелешки.

Во сублиматот на она што е предложено се бара и комплетурање на регулативата за заштита на животната средина во сите области според највисоките стандарди на Европската Унија.

За да се развива државата стратешки, во дописот до медиумите Зелен институт ги наведува и другите предлози на 25 граѓански организации.

ДА ГИ РЕШИ ПОСТОЈНИТЕ ЕКОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ во рударството и металургијата, но и во целокупната индустрија, преку ревизија на еколошките дозволи и концесии, во соработка со бизнис секторот, заради унапредување и екологизирање на технолошките процеси.

 ДА ГИ ЗАЈАКНЕ ИНСПЕКЦИИТЕ задолжени за рударството и индустријата, со акцент на Државниот инспекторат за животна средина и да се воспостави независен систем за еко-мониторинг на влијанијата врз почвата, водата и воздухот.

 ДА СЕ ДОНЕСЕ ПРВО СТРАТЕГИЈАТА за рударство со СЕРИОЗНИ И ТРАЈНИ КРИТЕРИУМИ за тоа каде и какви рудници би можеле, а каде и какви НЕ БИ МОЖЕЛЕ да се отворат, се вели во соопштението на Зелен институт.

Во следниот период се очекува да се организираат расправи за двата закона, а од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини потенцираа дека ќе ги повикаат сите организации и компании кои доставиле свои забелешки.

За еден месец, колку што законите беа достапни на ЕНЕР пристигнале над сто забелешки и предлози.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Во долниот дом на парламентот во Букурешт без дебата или гласање – помина законот за обединување на Романија и Молдавија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе