Вести Економија

Годишната стапка на инфлација во ЕУ во јули изнесуваше 2,4%, со највисока инфлација се Романија, Естонија и Словачка

Годишната стапка на инфлација во Европската Унија во јули годинава изнесуваше 2,4%, што е зголемување во однос на 2,3% во јуни. Во еврозоната, пак, инфлацијата во јули беше 2,0%, соопшти Евростат.

Највисока годишна инфлација е регистрирана во Романија (6,6%), Естонија (5,6%) и Словачка (4,6%), а најниска во Кипар (0,1%), Франција (0,9%) и Ирска (1,6%).

Во споредба со јуни 2025 година, годишната инфлација се намали во осум земји-членки, остана стабилна во шест и се зголеми во тринаесет.

Во јули годинава, најголем придонес кон годишната стапка на инфлација имаат од услугите (+1,46 процентни поени, п.п.), храната, алкохолот и тутунот (+0,63 п.п.), индустриски производи (+0,18 п.п.) и енергијата (-0,23 п.п.).

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Протест пред Финасии – Вработените од Детската клиника кои останаа без ангажман бараат работа

Дејан Дејан

Протсет во Скопје заради намалените часови за лични асистенти и нередовни исплати на месечните надоместоци

Дејан Дејан

Во долниот дом на парламентот во Букурешт без дебата или гласање – помина законот за обединување на Романија и Молдавија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе