Вести Економија

Архиродон треба да одлучи дали ќе ја продолжи постапката за изградба на хидроцентралата Чебрен, вели премиерот

На грчката компанија Архиродон, која е добитникот на тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен, е да одлучи дали ќе продолжи во постапката или нема, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Јас, како што кажа, не можам да зборувам во име на компанија која учествувала на наддавање, ниту за оваа, ниту, пак, за било која друга која учествувала во наддавање.

Ако имале дополнителни барања во однос на договорот, тогаш тоа се барања кои излегуваат од рамката на договорот кој бил предмет на тендерската постапка која им била достапна на сите други компании кои  учествувале на тој тендер, рече Ковачевски во одговор на новинарско прашање на настанот за доделување изводи на досега не евидентирани лица.

Како што истакна, тендерот за изградба на хидроцентралата Чебрен е меѓународен тендер кој е објавен и на кој учествувале девет или 10 реномирани меѓународни компании, чиј составен дел на тендерската документација е договорот за концесија.

Врз основа на евалуација на независна комисија составен од експерти во Министерството за животна средина еден од понудувачите е избран дека ги исполнува условите. Владата врз основа на тоа носи одлука согласно Закон за концесии, согласно тендерската документација и согласно договорот за концесија кој е предмет на тендерот и согласно Законот за води, појасни Ковачевски.

Прашан зошто ЕСМ има потреба од нови 500 вработувања кога не е во добра состојба и дали станува збор за предизборни вработувања во јавниот сектор, рече дека изборите  се на 8 мај, а денеска е декември.

Во однос на најавениот штрајк во Контрола на летање наведе дека од она што го слушнал од директорот „нема штрајк и се работи за некакво недоразбирање“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе