Вести Економија Најважни

Струја во празни викендици и станови е луксуз, сопствениците ќе плаќаат дополнителен трошок

Станови, куќи и викендички чии сопственици се во странство или пак не ги користат во најголемиот дел од годината ќе бидат опфатени со надоместокот „пристап до мрежа“ и со тоа ќе се обезбеди правично распоредување на трошоците кај граѓаните, соопштија од Регулаторната комисија. Оттаму сметаат дека станува збор за луксуз бидејќи енергетските компании се должни да ја одржуваат за тие куќи, станови и викендици да имаат пристап до електрична енергија 365 дена во годината. Вкупниот број кој ќе го опфати оваа мерка е околу 245 илјади броила

Регулаторот Бислимовски е дециден дека не станува збор за нова или дополнителна давачка туку правично распоредување на трошоците а граѓаните кои ќе бидат опфатени ќе плаќаат од 20 до 150 денари повеќе. Мрежарината чествува со 33 отсто во конечната цена на струјата а со воведувањето на „пристапот до мрежа“ ќе се намали до 20 отсто што значи намалување на конечната цена на струјата за 8 отсто кај редовните потрошувачи.

Регулаторите веќе од денес почнуваат со анализа на доставените барања за зголемување на цените од домашните енергетски компании, МЕПСО, МЕМО и Електродистрибуција. Но оттаму напоменуваат дека барањата не се комплетни бидејќи во МЕПСО и Електродистрибуција до крајот на неделава треба да се затворат тендерите за набавка на електрична енергија со која би ги покриле загубите.

ЕСМ веќе соопшти дека цената за мегават час кон универзалниот снабдувач ЕВН ќе биде 57 наместо досегашните 53 евра и дека ќе обезбеди 95 наместо како досега 100 отсто од потребите на австриската компанија.

Одлуката за новата цена ќе ја соопшти универзалниот снабдувач но претходно ќе оди на проверка кај регулаторите кои треба да ја одобрат.

Огнен Чанчаревиќ 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе