Вести Економија Најважни

Бугарија се мисли да се откаже од таксата за транзит на руски гас низ нејзина територија – за возврат бара влез во Шенген зона

Бугарија ќе се откаже од таксата за транзит на руски гас низ нејзината територија во замена за повлекување на забелешките кои ги имаат Австрија и Холандија за приклучување на земјата во Шенген зоната, соопштуваат бугарските медиуми. Преговорите околу тоа се водат во Словенија помеѓу министрите за надворешни работи на Австрија, Бугарија и Романија.

Според бугарските медиуми, од спорната такса која предизвика зголемување на цената на природниот гас на европската берза воопшто не бил собран никаков приход во бугарскиот буџет, што ги тера да веруваат дека целта за нејзино воведување од самиот почеток била да се искористи во преговорите за Шенген.

Информацијата дека Бугарија е подготвена да се откаже од спорната такса ја соопштија Бојко Борисов и Кирил Петков, при што Борисов оцени дека земјата е многу блиску до влез во Шенген зоната.

Бугарските медиуми пренесуваат дека ако откажувањето на Софија од таксата резултира со влез на земјата во Шенген, тогаш со тоа ќе се одговорат цела редица прашања зошто министерот за финансии Асен Василев инсистираше да биде воведена. Воведувањето на таксата беше жестоко критикувано, особено поради нејасната цел на мерката и како воопшто ќе функционира.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе