Вести Економија Најважни

Бугарија ја одлага таксата за транзит на рускиот гас – за возврат бара да нема вето за влез во Шенген

Бугарија ја одлага таксата  за руски гас, кои поминува низ нивна територија, наводно  додека не се најде заеднички европски механизам. Сепак, ваквата одлука на Софија се поврзува со влезот на Бугарија во Шенген зоната. Унгарскиот премиер Орбан се закани со евентуално вето за влезот на Бугарија во зоната, па Софија се обидува преку укинување на давачката на некој начин да ги расчисти сите пречки за нејзиниот влез.

Таксата која се воведе во октомври, предизвика реакции од повеќе држави. Надлежните во земјава побараа Бугарија да ги ослободи капацитетите на постоечкиот гасовод  кој е единствената точка од каде гасот влегува во земјава, а кој е под закуп на Газпром, со образложение дека со тоа ќе може да се земаат  поголеми количини од други извори. За одлука на Софија, во НОМАГАС добиле известување од македонската амбасада во Бугарија. Но, и покрај одлуката, земјава и натаму бара ослободување на капацитетите.

  • Кога се воведе за нас беше апсолутно неприменлива, од една страна имате такса, а од друга страна обврска да земеш руски гас и затоа се бараше да се ослободат капацитетите и тие постапки се во тек и очекуваме дека ќе се случи тоа и да се почитуваат европските норми, вели Бајрам Реџепи-  директор на НОМАГАС

Дали може би со ова, рускиот гас ќе стане поконкурентен, Реџепи вели- се зависи од берзите.

  • Можеби, но и не мора зависи од берзите. Имало случаи кога имало и цени многу пониски, но и  кога рускиот гас  бил  поевтин.  По вчерашната вест  на сите берзи веднаш падна цената  од 45 евра имаме 33 евра за мегават час, вели Реџепи. 

Од НОМАГАС информираат дека покрај другите извори, гасот од руската федерација е присутен  на македонскиот пазар.

Поради таксата ЕСМ во последниот оглас за набавка на гас за топланите бараше и сертификат за потекло на природен гас, со кој се гарантира дека не е од Русија и ако понудувачот располага со гас од Руската федерација самиот да си ја плати таксата од Софија и гаранција дека  понудувачот ги платил  сите дополнителни трошоци.

И покрај таксата од 10 евра за мегават час,  договорите на сите во земјава кои го користат руски гас не беа променети- цените останаа исти.  

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Двајца загинати во директен судар на патот Штип-Радовиш

Дејан Дејан

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе