Калин Ивановски и Стефан Мицов се пласираа во второто коло во игра на двојки на ИТФ турнирот што се одржува во Скопје.
Ивановски и Мицов во три сета со 6:3, 3:6 и 10:7 беа поуспешни од чилеанско-уругвајската комбинација Николас Бруна и Франко Франко Ронкадели.

На делот од турнирот во поединечна конкуренција половичен успех на нашите тенисери. Берк Бугариќ со 2:0 по сетови 7:6 и 6:2 триумфираше над Влад Стојка од Романија додека Томислав Јотовски доживеа пораз во два сета со 6:2 и 6:3 во дуелот против шестиот носител Хуан Пабло Паз од Аргентина.
ФОТО: Игор Паневски
