Вести Економија

Кои Киндер производи се повлечени како мерка на претпазливост- во Македонија нема Киндер производи позитивни на салмонела ниту заболени

Компанијата Фереро доброволно повлекува одбрани серии на Киндер производи во Република Северна Македонија како мерка на претпазливост. Станува збор за серии на Киндер продукти кои се произведени во Белгија.

Од компанијата Фереро соопштија дека соработуваат со локалните власти за храна за евентуална  поврзаност на случаи на салмонела регистрирани во други земји надвор од Македонија.

И покрај тоа што ниту еден од нашите Kиндер производи пуштени во промет на пазарот не се позитивни на салмонела и досега не сме добиле поплаки од потрошувачите, ние го сфаќаме ова крајно сериозно, бидејќи грижата за потрошувачите е наш главен приоритет, соопштија од Фереро.

Како мерка на претпазливост, ја донесовме одлуката доброволно да ги повлечеме следните броеви на лотови од „Kиндер шоко бонс“ и „Киндер сорпреса макси“ од пазарот во Македонија, а  произведени во Белгија.

Производ                       Грамажа          LOT број

  • Киндер сорпрес макси              100G             L006LZB-NR
  • Киндер сорпрес макси              100G             L330RZB-MJ
  • Kиндер шоко бонс                        46G              L293RZD-KX
  • Kиндер шоко бонс                        46G              L328RZD-MI
  • Kиндер шоко бонс                        46G              L336RZD-MU
  • Kиндер шоко бонс                      125G              L302R03—
  • Kиндер шоко бонс                      125G              L321R03—

Сите други производи на Фереро, вклучувајќи ги и другите артикли на Kиндер, не се опфатени со  ова доброволно повлекување.

-Работиме со нашиот дистрибутер за да се осигураме дека производите од листата за доброволно повлекување повеќе не се достапни за купување. Доколку имате еден од овие производи, ве советуваме да не го консумирате. Ве молиме чувајте го производот и контактирајте го нашиот тим за грижа на потрошувачи на следниот меил: [email protected],

Безбедноста на храната ја сфаќаме исклучително сериозно и жалиме за оваа непријатност, наведуваат од Фереро.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Прогласена вонредна состојба во Мостар – голем пожар на депонија гори цел ден

Sasko Dimovski

Багеи: „Обврска за обврска“ е водечки принцип во преговорите меѓу Иран и САД

Sasko Dimovski

Почина Циги, маскотата на ЈП „Лајка“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе