Ракомет Спорт

Георгиевски: Да ја оправдаме фавористската улога

Македонската машка ракометна репрезентација од денеска ги почнува подготовките за првиот бараж дуел за пласман на Светското првенство, а противник ни е селекцијата на Романија.

“На хартија ние сме фаворити, носители сме во овој бараж против Романија, но можам да кажам дека добивме еден од најтешките можни противници. Романија е доста квалитетна репрезентација според мене. Нѐ очекува еден тежок двомеч. Познат противник веќе игравме еден бараж со нив, но и кај нив и кај нас оттогаш има многу сменети работи. Мислам дека немавме среќа во оваа ждрепка, но тоа е што е фаворити сме и мора да ја оправдаме таа улога. Во Романија главниот акцент беше и на женскиот ракомет и сѐ уште е така, но машкиот ракомет во последниве години зема голем замав. И самото враќање на Чави Пасквал за селектор и поставување за тренер на Динамо Букурешт кажува колку се крена романскиот ракомет. Тие имаат квалитетни играчи имаат каков неуспех без настап веќе подолго време на големите натпреварувања, но мислам дека се на вистинскиот пат дека имаат добра генерација”, изјави Гоце Георгиевски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Пет натпревари суспензија за Мадибо по тешката повреда на Коне

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе