Премиер лигата и британската влада даде дозвола Челзи да продава влезници за домашните натпревари, но само под услов приходот по оваа ставка да биде дониран во посебен фонд за помош на Украина.
Оваа одлука доаѓа како резултат на разговорите меѓу челниците на Премиер лигата и Министерот за спорт, Најџел Хаделстон со преставници на клубот од Стемфорд бриџ.
Челзи поради санкциите кон сопственикот Роман Абрамович доби забрана за продажба на билети и на трибините можеше да присуствуваат само оние кои имаат сезонски влезници.
ФОТО: Игор Паневски
