Британскиот милијардер Ник Кенди потврди дека е заинтересиран за купување на Челзи и наскоро треба да ја испрати понудата до челниците на клубот.
Четириесет и девет годишниот Кенди истакна дека уште од дете навивал за Челзи и се очекува тој в недела да се појави на трибините на Стемфорд Бриџ и да го следи дуелот против Њукасл.
“Мојот тим ја следи ситуацијата во клубот и наскоро треба да ја објавиме понудата за негово купување. Ова е многу значаен момент за Челзи и навивачите на клубот со право се загрижени за неговата иднина”, изјави Кенди.
Според медиумите во Велика Британија пишуваат дека Кенди веќе преговарал со неколку инвеститори од САД и се очекува во текот на следната недела да се испрати понудата за купување на Челзи.
